Гадафи: Ал Каеда е виновна за немирите

од телевизиското обраќање на Гадафи

Лидерот на Либија Муамар Гадафи тврди дека нема голема моќ и ја обвини терористичјата „Ал – Каеда“ за немирите во неговата земја. При телевизиско обраќање, за кое државната телевизија вели дека претставува одбележување на 34 години „сила на народот“, Гадафи беше поздравуван од неговите подржувачи во градот Триполи. Во меѓувреме, немирите во Либија се интензивираат. Медиумите јавуваат дека во главниот град на земјата се организира марш за подршка на Гадафи. Очевидци тврдат дека имало авионски напад врз градот Ајдабијах, во источниот дел на земјата. Според проценките на Обединетите нации, повеќе од 100,000 лица избегале од Либија.