Иранскиот парламент бара санкции против опозиционерите

Мехди Каруби (лево) и Мир Хусеин Мусави (десно)

Силни легални постапки против опозициските лидери Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби, бара собраниска комисија при иранскиот парламент, формирана за испитување на анти владините протести од 14 февруари. Иранскиот јавен обвинител демантираше дека двајцата лидери биле уапсени и дека се наоѓаат во затвор близу Техеран, тврдење кое во јавноста го пласираа семејствата на двајцата опозиционери. Мусави и Каруби повикаа на марш за подршка на протестите во арапските земји, што на 14 минатиот месец се претври во протест против власта.