Иницијатива за патување без пасош од Македонија до Србија и Хрватска

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачич

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачич денеска ги повика Македонија и Хрватска да им овозможат на своите граѓани да ги поминуваат границите меѓу трите земји само со лична карта, без патнички документи. Како што пренесува новинската агенција „Танјуг“, Дачич на министерскиот состанок во Љубљана потсетил дека патниците од земјите членки на Европската унија, веќе можат да ги преминуваат граничните премини во балканските земји само со документ за лична идентификација. Српскиот министер заклучи дека за неговата иницијатива веќе постои политичка согласност од министрите за внатрешни работи на Македонија и Хрватска