Камерон: Гадафи не смее да го убива сопствениот народ

Дејвид Камерон се среќава со Хамид Карзаи

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека не смее да му се дозволи на Либијскиот лидер Муамар Гадафи да продолжи со убивање луѓе. При своето обраќање во Лондон, на заедничка прес-конференција со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Камерон рече дека Гадафи не смее да го убива сопствениот народ. Премиерот дополни дека токму потребата за заштита на цивилите е причина поради која побарал британската војска да ја разгледа можноста за воведување на забрана за летање над Либија.