Демант од иранските власти за наводно апсење опозиционери

Мир Хусеин Мусави (лево) и Меди Каруби (десно)

Иранските власти ги демантираа извештаите дека опозициските лидери Мир Хусеин Мусави и Мехди Каруби се наоѓаат во затворот близу Техеран и се уште не дадоа информации за тоа каде се наоѓаат двајцата опозиционери. Мусави и Каруби беа под строг надзор откако повикаа на марш за подршка на протестите во арапските земји. Нивните семејства тврдат дека двајцата биле уапсени минатата недела, и дека биле пренесени во затвор надвор од Техеран. Иранскиот јавен обвинител изјави дека информацијата за апсењата , која според него ја пренеле „непријателски медиуми“, е лажна.