Германскиот министер за одбрана си поднесе оставка

Карл Теодор Цу Гутенберг, попознат во германските медиуми како „Барон копи - пејст“

Германскиот министер за одбрана Карл Теодор Цу Гутенберг си поднесе оставка од функцијата по минатонеделните обвинувања за плагијат на неговата докторска дизертација. Гутенберг, кој беше под притисок да се повлече по скандалот, за неговата одлука ги информираше канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Германија Кристијан Вулф. Триесет и девет годишниот аристократ, кого германската јавност го нарекува „Барон копи – пејст“ и „Цу – Гугл-берг“ беше еден од најпопуларните министри во влада на Меркел.