Започна намалувањето на мисијата на КФОР на Косово

Бројот на мировните сили на НАТО во Косово денеска почнува да се намалува, а мисијата на КФОР ја започна реорганизацијата. Предвидено е да се намали бројот на војници од 10.000 на 5.000.
Командантот на КФОР, генерал Ерхард Бјулер истакна дека намалувањето на мировните сили во Косово е доказ за досегашното успешно исполнување на мисијата.
Од досегашните четири зони на одговорност ќе бидат формирани два батаљони, кои ќе дејствуваат на целата територија во Косово. Командата на едниот батаљон ќе биде во американската база „Бондстил“ во близина на Урошевац, а другата во Пеќ. Главниот штаб на КФОР ќе остане во Приштина.