Иранските власти против протестите на опозицијата

Опозиционите лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби

Иранските власти ги предупредија опозициските активисти да се воздржат од одржување на нови протести. Главниот обвинител Холам Хосеин Мохсени изјави денеска дека секој што ќе го прекрши законот ќе мора да биде казнет.
Веб страните на опозиционите лидери Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби повикаа на одржување на протести утре во Техеран и другите градови за да се изврши притисок тие да бидат ослободени од домашниот притвор.