Груевски-Црвенковски се плаши од предвремени избори

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека од месечината се гледа стравот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски од распишување на предвремени избори. Според Груевски тие ќе направат се што е во нивна моќ изборите да бидат фер и демократски. Премиерот ја повика СДСМ согласно законот до сабота да даде предлог за кандидат за нов претседател на ДИК.