Прелиминарна истрага на судот во Хаг за насилството во Либија

Анти-владините протести во Либија

Обвинителот на Меѓународниот суд за криминал денеска започна прелиминарна истрага за наводните злосторства против човештвото во Либија. Луси Морено Окампо денеска во Хаг изјави дека неговиот кабинет ги истражува обвинувањата за нападите против цивилите од страна на силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи.
Обвинителството потоа ќе треба да одлучи дали ќе биде покрената истрага за случувањата на немирите во Либија.