Четворица војници на НАТО загинале во Авганистан

НАТО силите во Авганистан соопштија дека четири нивни војници денеска загинале во напади низ земјата. Според Алијансата тројца војници биле убиени при експлозии на бомби поставени покрај патот, а четвртиот војник загинал при напад на бунтовниците. Националноста на војниците не е соопштена. Во овој месец во Авганистан загинале 34 војници.