Состанок на Советот за човекови права на ОН

Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Нави Пилај, на денешниот состанок во Женева ги повика сите држави да ги подржат реформите на Блискиот Исток. Светот мора да им помогне на демонстрантите да ги забетонираат демократските промени, бидејки соборените власти би можеле повторно да бидат закана. Инаку, главна тема на состанок се насилствата на режимот на Гадафи против демонстрантите во Либија. За попладне е предвидено обраќање и на американскиот државен секретар Хилари Клинтон.