Продолжуваат протестите во повеќе градови во Јемен

Десетици илјади демонстранти и денеска се на улиците на Сана и на други градови во Јемен, барајки оставка од претседателот Али Абдула Салех. Во меѓувреме, локалните власти соопштија дека во напад на вооружени лица врз еден контролен пункт во јужниот дел на земјата, биле убиени двајца војници, а 11 биле ранети. Властите сметаат дека нападот го извршиле припадници на Ал Каеда.