Амр Муса ќе се кандидира за претседател на Египет?

Генерален Секретар на Арапската Лига Амр Муса

Генералниот секретар на Арапската Лига Амр Муса денеска изјави дека има намера да се кандидира за претседател на Египет. Муса во Каиро најави дека својата кандидатура ќе ја објави официјално кога ќе биде „времето соодветно за тоа“ пренесуваат египетските медиуми. Од канцеларијата на Муса соопштуваат дека се уште не е донесена конечна одлука за кандидатура. Еден час откако Хосни Мубарак на 11 февруари , се откажа од фунцијата претседател на државата, Муса даде оставка од својата функција, како Претседавач на Арапската Лига.Муса претходно бил и постојан претсвник на Египет во Обединетите Нации и не е поврзан со ниедна политичка партија.