Северна Кореја со закани за војна до Јужна Кореја

Лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ил

Северна Кореја испрати предупредување дека може да ја нападне Јужна Кореја и САД, доколку двете земји утре заедно извршат воени вежби. Предупредувањето на Северна Кореја дека таква провокација ќе предизвика војна е само по неколку недели од неуспехот на преговорите меѓу двете Кореи.
Тензиите во Источна Азија се во раст по потонувањето на Јужнокорејскиот брод. Северна Кореја ги негираше обвинувањата дека е вмешана во инцидентот.