Ирскиот премиер го прифати поразот на парламентарните избори

Ирскиот премиер Брајан Ковен

Ирскиот премиер Брајан Ковен го призна поразот на парламентарните избори во земјата, откако неговата владејачка партија Фиана Феил беше поразена, поради незадоволството на граѓаните од економијата и заемот од ММФ и ЕУ. Изборните анкети сугерираа дека Ковен ќе загуби две третнини од пратеничките места.
Ковен веќе поднесе оставка од лидерското место во Фиана Феил, по неколку месечните притисоци, поради неговото справување со економијата.