Затворени амбасадите на Британија и Канада во Либија

Анти-владините протести во Либија

Британското министерство за надворешни работи соопшти дека привремено ја стопирало работата на амбасадата во Триполи, поради немирите во земјата. Вработените во амбасадата ја напуштиле земјата. Канада исто така соопшти дека ќе ја затвори амбасадата во Либија. Странските земји и натаму ги евакуираат нивните државјани од Либија.