Стефановиќ-преговорите меѓу Србија и Косово ќе бидат тешки

Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ

Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ оцени денеска дека преговорите со Приштина ќе бидат тешки, дека ќе има успеси и падови и дека ќе траат доволно долго за да се решат најважните проблеми. Според Стефановиќ секое прашање има тежина и не треба да има нереални очекувања. Тој најави дека најпрвин ќе се работи на прашањата кои најмногу ги засегаат граѓаните на Косово и Србија.