Милошоски-писмото до ОН е одговор за напорите на Македонија

Министерот на надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот грчки колега Димитрис Друцас

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски за писмото кое пред десетина дена му го испрати на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека тоа претставува одговор со аргументи и факти со кој на ОН им се покажува колку вложила Макеоднија за да се надмине спорот со името со Грција. Според Милошоски Атина сака да ја претстави Македонија како страна поради која се уште нема решение за прашањето.
Милошоски очекува писмото да биде добар аргумент пред меѓународната јавност и дипломатите за да биде јасно дека Македонија направила многу остапки кои не и биле доволни на Грција.