Бахреинскиот опозициски лидер Мушаима бара реформи

Анти-владините протести во Бахреин

Шиитскиот десидент Хасан Мушаима пристигна во Бахреин за да му се придружи на опозициското движење, кое бара владејачкото сунитско кралско семејство да ја прифати демократијата. Мушаима кој живееше во егзил во Лондон и е лидер на шиитското движење Хак изјави дека дијалогот не е доволен и повика итно да се спроведат политички реформи во Бахреин. Тој планирал да се врати во Бахреин уште минатиот понеделник, по една недела од протестите и повикот на кралот за спроведување дијалог. Но либиските власти го заплениле неговиот пасош за време на транзитот во Бејрут, бидејќи имало налог за негово апсење.