Одбележана годишнината од смртта на Борис Трајковски

Поранешниот претседател Борис Трајковски

Седумгодишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски беше одбележана денеска во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел. На неговиот гроб положи цвеќе неговото семејство, делегација од кабинетот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски, собраниска делегација со претседателот Трајко Вељаноски, како и претставници од Генералштабот на АРМ, Град Скопје и дипломатско-конзуларните претставништва во земјава. Трајковски заедно со неговите соработници и членови на екипажот загина во авионска несреќа во близина на Мостар.