Шиитскиот опозициски лидер Мушаима се враќа во Бахреин

Анти-владините демонстрации во Бахреин

Шиитскиот десидент Хасан Мушаима ќе се врати во Бахреин за да му се придружи на опозициското движење, кое бара владејачкото сунитско кралско семејство да ја прифати демократијата. Мушаима кој живее во егзил во Лондон е лидер на шиитското движење Хак и планирал да се врати во Бахреин уште минатиот понеделник, по една недела од протестите и повикот на кралот за спроведување дијалог. Но либиските власти го заплениле неговиот пасош за време на транзитот во Бејрут, бидејќи имало налог за негово апсење. Пасошот му бил вратен на Мушаима и тој денеска треба да пристигне во Бахреин.