Странските државјани ја напуштаат Либија

Странските државјани и натаму масовно ја напуштаат Либија, поради растот на насилството во земјата. Грчки фериброд денеска пренесе 2911 патници од Либија до Крит. Друг фериброд до Малта пренесе повеќе од 2000 кинески државјани.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун побара Светската организација итно да дејствува во запирањето на крвопролевањето во Либија. Стотици луѓе досега се верува дека загинале во Либија за време на судирите меѓу приврзаниците на Претседателот Моамер Гадафи и анти-владините демонстранти.