САД со санкции за владата во Либија

Американската Бела Куќа најави санкции за либијската влада и оти привремено ја напушта амбасадата во Триполи откако авион со последните американски граѓани одлета од Либија. Станува збор за замрзнување на државниот имот на Либија, како и на имотот на Муамер гадафи, на неговите деца и на припадниците на неговиот режим. Претседателот Барак Обама в понеделник ќе се состане со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун за да разговара за ситуацијата во Либија.