Во земјотресот на Нов Зеланд досега 145 загинати

Во земјотресот што го погоди новозеландскиот град Крајстчрч загинале 145 луѓе. Тоа е најновиот биланс што денеска го соопшти претставник на локалните власти. Земјотресот со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди градот во вторникот и според оценките, тоа е најголемата природна катастрофа во таа земја во изминативе 80 години. Стотици спасувачи и натаму трагаат по преживеани под урнатините. 228 луѓе се уште се водат како исчезнати.