Деветмина загинати во експлозија на бомба во Авганистан

Во експлозија на бомба во источната авганистанска провинција Кост загинаа девет лица, соопшти претставник на локалната полиција, додавајќи дека жртвите биле цивили, пред се жени и деца. За нападот се обвинуваат талибанските милитанти кои се противат на авганистанските и на странските сили во Авганистан.