Во демонстрациите во Ирак најмалку 12 загинати

Најмалку 12 луѓе загинале во вчерашните антивладини протести во Ирак. Станува збор за најголемите демонстрации во таа земја иснспирирани од бранот протести во другите држави на Блискиот Исток. Премиерот Нури ал Малики ги предупреди граѓаните да не се вклучуваат во протестите, бидејќи зад нив стоеле Ал Каеда и приврзаниците на Садам Хусеин.