Бан ки Мун бара итна акција на ОН во Либан

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун побара Светската организација итно да дејствува во запирањето на крвопролевањето во Либија. Се верува дека во изминативе денови во таа земја загинале стотици, а можеби и илјадници луѓе во судирите меѓу антивладините демонстранти и силите лојални на режимот на Муамер Гарадфи. Во Советот за безбедност се разгледува резолуција со која се бара од Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за насилствата во Либија.