Стајнберг во посета на Сараево

Џејмс Стајнберг

Заменик американскиот државен секретар Џејмс Стајнберг пристигна денеска во посета на Босна и Херцеговина. Во Сараево Стајнберг ќе разговара со политичките лидери за забрзување на реформите и за напредокот кон евро-атланските интеграции, е соопштено од американската амбасада во Сараево. Во придружба на Стајнберг е и помошник заменикот државен секретар, за европскиот и евро-азискиот регион, Томас Кантримен.