70 години од инвазијата на Црвената Армија врз Грузија

Во Грузија денеска се одбележува денот на Советската окупација. Во 1921-ва година, советските трупи го окупираа Тбилиси и го заменија режимот со комунистички, кој беше на власт во Грузија до 1991-ва година. Во рамките на одбележувањето, се одржува и натпревар во училиштата за најдобар есеј на тема – Сличностите меѓу советската окупација и кратката војна меѓу Русија и Груизија во 2008-ма година.