НАТО и Советот за безбедност ќе расправаат за насилствата во Либија

НАТО денеска ќе одржи итен состанок во Брисел, посветен на ситуацијата во Либија. Генералниот секретар Андерс Фог Расмусен изјави дека НАТО засега нема намера да интервенира во Либија, бидејки тоа може да се случи само со мандат од Обединетите Нации. За денеска во Њујорк е закажана и седница на Советот за безбедност на која ќе се расправа за евентуални санкции против режимот на Гадафи, а во Женева ќе заседава и Советот за човекови права на Обединетите Нации на специјална сесија за исклучување на Либија од ова тело.