Над 30 илјади луѓе избегале од Либија

Бегалци

Меѓународната организација за Миграција соопшти дека најмалку 30 илјади луѓе, главно печалбари од Тунис и Египет, избегале од Либија откако започнаа насилствата. Портпаролката на огранизацијата за миграција Џемени Пандиа изјави дека над 15 илјади тунижани, оклу 100 државјани на Египет, 830 Кинези и 300 Либијци ја напуштиле земјата и допатувале во Тунис. Портпаролот на Високиот комесар за бегалци на ОН ( УНХЦР) ги повика сите земји да ги отворат нивните граници за луѓето кои бегаат од крвопролевањето во Либија.