Несогласување на Русија и ЕУ за снабдувањето со гас

Рускиот премиер Владимир Путин и претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо денеска не се согласиле за планот на ЕУ снабдувањето со нафта и гас да се врши од директно контролирани цевоковди. Путин изјави дека планот може да им штети на руските компании и да доведе до конфискација на нивниот имот.
Баросо пак изјави дека новиот енергетски закон е според правилата на Светската трговска организација и ќе влијае и врз странските и врз домашните компании.
Русија најмногу гас извезува во Европа, но Москва е загрижена дека Брисел планира да ги отстрани од своите резерви.