Гадафи ја обвини Ал Каеда за немирите во Либија

Либискиот претседател Моамер Гадафи

Либискиот претседател Моамер Гадафи денеска го обвини лидерот на терористичката група Ал Каеда, Осама Бин Ладен дека стои позади немирите во земјата. Гадафи кој се обрати на националната телевизија изрази жалење за загинатите и ги нарече децата на Либија. Гадафи изјави дека жителите на градот Завија кои се судрија со безбедносните сили дека се под влијание на халуцигени дроги.
Во меѓувреме безбедносните сили лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи ги нападнале анти-владините милиции, кои го контролираат градот Мисрата, кој е 200 километри одалечен од Триполи.