Парламентот утре ќе расправа за избор на нов претседател на ДИК

Претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски

Собранието утре ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на ДИК. Претседателот Трајко Вељаноски ја закажа седницата во интерес на непречено функционирање на ДИК во полн состав и согласно предвидените процедури и во насока на создавање на сите претпоставки за одржување на фер и демократски избори.
По оставката на Александар Новаковски со ДИК раководи заменикот - претседател на Комисијата Субхи Јакупи.