ДУИ ќе го почитува изборот на нов претседател на ДИК

Лидерот на ДУИ Али Ахмети

Пратеникот и член на ДУИ Рафис Алити за оставката на претседателот на ДИК Александар Новаковски изјави денеска дека секој функционер има легитимно право да реши дали ќе продолжи да ја врши функцијата или не. Според Алити претседателот на ДИК треба да биде од редовите на опозицијата и неговата партија тоа ќе го почитува. Алити верува дека опозицијата ќе биде дел од изборите и дека сите се подготвени за нивно распишување, но претходно да се реши ситуацијата со ДИК.