Судот одлучи-Асанж може да биде екстрадиран во Шведска

Oсновачот на Викиликс, Џулијан Асанж

Британскиот суд денеска донесе одлука дека основачот на веб страната Викиликс, Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во Шведска, поради обвиненијата за сексуални злосторства. Судијата Хавард Ридл изјави дека обвинувањата за силување и сексуално малтретирање од страна на две жени се прекршоци за екстрадација и налогот на шведскиот суд бил соодветно спроведен.
Шведското обвинителство бара да го сослуша Асанж, кој е австралиски државјанин за обвиненијата на двете жени, според кои Асанж ги направил делата додека престојувал во Шведска во минатиот август.