Ердоган: Турција пример за арапскиот свет

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

,,Турција покажа дека исламот и демократијата можат да совршено да коегзистираат,, оцени турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека тоа може да биде извор на инспирација за побунетите арапски народи. ,,Не се обидуваме да бидеме модел, туку инспирација,, изјави Ердоган, кој оцени дека во Турција верските убедувања на го спречуваат животот во демократија, а демократијата, како што рече, не ги спречува луѓето да имаат верски убедувања.