Силите на Гадафи пукале врз демонстрантите

Светските новински агенции јавуваат дека силите лојални на либискиот лидер Муамер ел Гадафи денеска ги нападнале антивладините демонстранти во градот Завија, на 50 километри од Триполи. Се прецизира дека војниците истрерале неколку гранати врз една џамија откако демонстрантите не сакале да ја напуштат.