Дваестина ранети во самоубиствен напад во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 24 луѓе биле ранети во денешниот самоубиствен напад на еден пазар во провинцијата Кандахар. Во слични вакви напади што зачестија во изминативе три недели во оваа провинција која се граничи со Пакистан загинале над 100 луѓе.