ЕУ министрите за визниот режим со Балканот

Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска во Брисел ќе ја разгледаат подготовката на механизмите за надгледување на слободниот визен режим со земјите од Западен Балкан. Официјални претставници на Унијата сметаат дека во овие земји има резултати кои ветуваат намалување на проблемот со доаѓањето на голем број лажни азилатни во земјите на Европската унија.