Ал Каеда вети помош за соборување на Гадафи

Исламската терористичка организација Ал Каеда во синоќешното соопштение ветува помош за бунтовниците во Либија во соборувањето на водачот на либиската револуција Моамер ел Гадафи. Либиските власти вчера најавија дека ќе преземат конкретни чекори за враќање на контролата врз источните делови на земјата кои сега се во рацете на опонентите на Гадафи.