Стотина загинати во земјотресот на Нов Зеланд

Бројот на жртвите од силниот земјотрес во градот Крајстчрч на Нов Зеланд изнесува 98, а бројот на исчезнатите е 226, соопшти полицијата. Земјотресот се случи во понеделникот и беше со сила од 6,3 степени според Рихтеровата скала. Катастрофалните последици што ги остави се толкуваат со тоа што неговиот епицентар бил на длабочина од само четири километри под површината на земјата.