Се очекува евакуација на преостанатите Македонци во Либија

Првите деветмина евакуирани Македонци преку Софија, на средба со македонскиот амбасадор во Бугарија Благој Ханџиски.

Се очекува денеска да бидат евакуирани речиси сите македонски државјани од Либија. Портпаролот на МНР Борче Стамов изјави дека сите се во добра здравствена состојба и оти нема повредени и малтретирани. Поголемиот број се градежни работници ангажирани од хрватски, босански и либиски компании.
Деветмина македонски државјани веќе се евакуирани преку Софија, во организација на бугарското МНР.