ЕУ го поздрави изборот на нова влада на Косово

Косовското Собрание

Европската унија го поздрави изборот на нова влада на Косово и спремноста на новата влада на дијалог со Белград. Во краткото соопштение на високиот преставник за надворешна политика Кетрин Ештон и на комесарот за проширување Штефан Филе се наведува дека ЕУ тесно ќе соработува со премиерот на Косово и со неговиот тим за дијалог меѓу Приштина и Белград, за подобрување на животот на луѓето кои живеат на Косово, како и за остварување на европските перспективи. ЕУ очекува од новата влада да ги спроведе реформите, да обезбеди владеење на законите и интеграција на сите заедници, се наведува во соопштението.