Мафијата за новинарите е поопасна од диктаторите

Мапа на убиства на новинари во 2010 година

Организацијата ’Репортери без граници‘ соопшти дека мафијашките организации и картели станаа најголема закана за слободата на медиумите. Мафијата ги замени диктаторските режими како „најголем извор на физичка закана за новинарите“. Во новиот извештај на организацијата се наведува дека 141 новинари и медиумски работници биле убиени од организирани криминални групи во периодот од 2000 до 2010 година.
Најопасна држава за новинарите е Мексико, каде во посочениот период криминалните организации убиле 69 новинари. Од 2003 година, во Мексико се исчезнати 11 новинари.
Мафијата ги убива новинарите што известуваат за криминал.