Путин во посета на Брисел

Баросо и Путин на нивната средба во Москва на 6 февруари 2009

Трговијата и енергетиката се очекува да бидат едни од главните теми на кои денеска во Брисел ќе разговараат руската делегација предводена од премиерот Владимир Путин и челниците на ЕУ. Се очекува, Путин да се сретне со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, додека руските министри треба да се сретнат со нивните колеги од Комисијата.
Се очекува да се разговара за подготвеноста на Русија да ги спроведе економските реформи неопходни да обезбеди членство во Светската трговска организација. Русија е единствената голема економија што не е членка на СТО.