Денеска одлука за екстрадицијата на Асанж

Џулијан Асанж

Судот во Лондон денеска треба да донесе одлука дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж ќе биде екстрадиран во Шведска, каде е обвинет за сексуални злосторства. Шведските обвинители го бараат Асанж, кој е австралиски државјанин, за сексуална злоупотреба на две Швеѓанки. 39-годишниот основач на Викиликс ги негира обвинувањата.