НАТО-секој трети авганистански војник ја напушта армијата

Војници на авганистанската армија

Американскиот генерал Вилијам Колдвел изјави денеска дека еден од тројца авганистански војници ја напуштаат армијата секоја година, но НАТО останува на планот да биде зголемен бројот на безбедносните сили со дополнителни 305 илјади војници. Според Колдвел армијата сепак има доволно регрути кои го пополнуваат бројот на тие што заминуваат. Зајакнувањето на авганистанските сили е од витално значење за Алијансата, поради планот за предавање на контролата на безбедноста на властите од земјата и повлекувањето на странските војници.