ОН-безбедносната ситуација во Авганистан најлоша досега

Бомбашки напад во Авганистан

ОН соопштија дека безбедносната ситуација во Авганистан е на најлошо ниво од почетокот на борбата со Талибанците во 2001 година и дека организацијата е исклучена од случувањата во две петини на земјата. Роберт Ваткинс, кој е заменик на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави денеска дека ОН ретко можат да влезат во 40 насто од земјата, меѓу кои и покраината Кандахар и другите северноисточни региони, каде е потребен пристап од сите страни.
Според Ваткинс пристапот на ОН во областите каде е потребен прогресивен развој е намален во последниве 10 години.